Здружението Иновативни медиуми заедно со партнерите од Мрежата за известување за различностите објавуваат повик за проектни предлози што имаат за цел да се спротивстават на говорот на омраза и да ја подобрат застапеноста на различностите.
Повикот е отворен како дел од Мрежата за известување за различностите, основана со цел ефикасно да влијае врз медиумското претставување на етничката припадност, религијата и полот во Западен Балкан. Мрежата има за цел да ја активира улогата на граѓанското општество во борбата против наративите на поделба и да ги замени со исклучително неопходен позитивен дискурс кој придонесува за вредноста на добрососедските односи и почитувањето на социјалната разновидност.
Општата цел на повикот за поднесување проектни предлози е да се зголеми влијанието на граѓанските организации врз медиумското известување што ги обликува сфаќањата околу етничката припадност, религијата и полот на Западен Балкан.
Конкретните цели на повикот се:
– зајакнување на положбата на локалните граѓански организации во заштитата на правата на нивните корисници во медиумите
– зголемување на бројот и квалитетот на пораките пренесени до публиката за да се намали ефектот на поларизирачки наративи
– подобрување на видливоста и медиумската застапеност на прашања поврзани со правата на жените и малцинствата
– придонес кон позитивно восприемање на другите и толеранција, како и инклузија во регионот.
Видови на проектни активности кои исполнуваат услови за финансирање (листата е отворена и може да вклучува и други проектни активности, сè додека тие придонесуваат кон претходно споменатите цели):
а) кампањи за застапување и подигнување на свеста;
б) продукција на медиумски содржини;
в) креирање кампањи против наративи на омраза во јавната сфера;
г) консултации, тркалезни маси и состаноци со локалните заинтересирани страни;
д) олеснување на дијалогот за политиките со заинтересираните страни (политички партии, локални службеници, експертска заедница, медиуми).
Сите активности мора да се одвиваат во земјата во која е регистрирана организацијата.
Временската рамка на проектот е максимум девет месеци.
Вкупниот буџет за програмата изнесува 30.000 евра по земја. Ќе бидат поддржани пет проекти по земја, додека предвидената сума за еден грант е минимум 5.000 евра а максимум 7.000 евра.
Граѓанските организации што ќе се пријават на овој повик мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
• да бидат регистрирани во Централен регистар и да ги исполнуваат сите законски обврски;
• да имаат искуство во областа на претставување на разновидност и/или говор на омраза;
• да бидат директно одговорни за подготовка и управување со проектот;
• нивната банкарска сметка да не е блокирана;
• организациите да не се корисници на средствата од Програмата на ЕУ за граѓанско општество и медиуми во Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (IPA III), буџетска линија: 15.020101.01;
• Организациите можат да пријават само еден предлог за проект во рамките на оваа програма како кандидат или како партнер.
Добредојдени се апликации од различни видови на организации на граѓанското општество: грасрут организации, членови на поголеми мрежи кои дејствуваат на национално или регионално ниво, како и медиуми кои се воспоставени како граѓански организации.
Партнерството со локалните медиуми ќе се смета за предност и ќе обезбеди дополнителни поени.
За избраните приматели на грантови ќе биде организирана еднодневна обука во врска со правилата и процедурите за спроведување на грантовите на ЕУ. Обуката ќе опфати теми како што се: управување со проекти, правила за видливост, финансиско известување итн.
Покрај тоа, на избраните граѓански организации ќе им биде обезбедена менторска поддршка за да им се помогне во спроведувањето на креативни медиумски кампањи за подигнување на јавната свест, како и во управувањето со проектните активности.
Ги повикуваме сите заинтересирани организации да ги пополнат формуларите за пријавување: формулар за апликација и формулар за буџет, на англиски јазик.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31 мај.
Ве молиме испратете ги вашите прашања на innovativemediamk@gmail.com до 9 мај.
Ве молиме испратете ги вашите предлози на innovativemediamk@gmail.com до 31 мај.
Критериуми за евалуација:
1. Релевантност на предлогот за целите на Повикот за поднесување предлози и релевантност на предлогот за задоволување на потребите на целните групи; (30 поени)
2. Ефективност и изводливост на активноста — јасна поврзаност и доследност меѓу целите, проценетите резултати, предложените активности и стратегијата; (20 поени)
3. Финансиска и оперативна способност за автономно преземање на предложените активности — ќе треба да се демонстрира основно ниво на организациски и менаџерски капацитет; (20 поени)
4. Ефект и вклученост на заинтересираните страни — предлозите мора да бидат изводливи, а показателите објективно проверливи (број на граѓани кои ќе бидат вклучени во активноста); (10 поени)
5. Учество на ранливи групи и прашања поврзани со родот — во предлозите треба да се земат предвид потребите на ранливите групи; (5 поени)
6. Продолжение — предлози во кои јасно се наведува како овој проект ќе се усогласи со плановите на организацијата и идните активности. (5 поени)
7. Буџетот и економската ефикасност на активноста — односот помеѓу проценетите трошоци и очекуваните резултати мора да биде задоволителен (10 поени)
Одборот за евалуација ќе ја разгледа географската и тематската разновидност на грантовите, истовремено почитувајќи ги принципите на еднакви можности и инклузивност.
Забелешка: Здружението Иновативни медиуми може да побара дополнителна документација не подоцна од осум дена по крајниот рок за доставување.
Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на независен Комитет за евалуација.