Повик за доставување понуди за ангажирање на финансиски менаџер

За потребите на проектот Мрежа за известување за различности – Новата агенда финансиран од Европската Унија, Здружението Иновативни Медиуми Скопје објавува повик за доставување понуди за ангажирање на финансиски менаџер.

Во рамките на ангажманот извршителот ќе има обврска да ги извршува следните задолженија:

  • Евиденција на проектните трошоци
  • Подготовка на извештаи согласно проектната динамика
  • Навремено и точно координирање на финансиско известување до водечкиот партнер и менаџментот на организацијата
  • Да обезбеди усогласеност на проектот со политиките на финансиското управување
  • Да го надгледува финансиското менаџирање на суб-грантистите
  • Да биде во секојдневна  координација и комуникација со проектниот тим и менаџментот на организацијата.

Период на ангажман : 01.03.2023 – 29.02.2024 (12 месеци).

За да се квалификува за да може да поднесе понуда понудувачот треба да биде овластена сметководствена компанија или физичко лице кое има искуство во вршење на финансиски манаџемент на проекти.

Понудата треба да се достави најдоцна до 10.03.2023 гоодина да ги содржи следните елементи: 

  • Финансиска понуда дадена како Прилог 1. 
  • За правни лица-тековна состојба или доказ за регистрирана дејност (копија); За физички лица-кратка биографија.

Понудите да се доставуваат хартиено, на адреса: ул. Рузвелтова бр.19 (Сетек зграда, кат 2), во  затворен плик, со назнака “Понуда за Финансиски менаџер”. Понудите кои ќе содржат непотполна или неуредна документација, како и понудите кои ќе бидат доставени по рокот утврден во овој повик, нема да бидат земени предвид. Здружението Иновативни медиуми Скопје го задржува правото да ги контактира само избраните кандидати.  

Критериум за избор е најниска цена.

Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 (триесет) дена по истекот на првата проектна година.