Поддршка на Порталб.мк

Неговата цел е да обезбеди точни и веродостојни информации на албански јазик на населението во Северна Македонија и странство, преку производство на вести и анализи, фокусирани на реформскиот процес на пристапувањето во Европската Унија (ЕУ) и придобивките и одговорностите како резултат на членството во НАТО. Со производство на вести релевантни за сите граѓани, без оглед на нивното етничко потекло, Порталб.мк придонесува за зајакнување на меѓуетничките односи и воспоставување на социјална кохезија во Македонија.

Обуки за медиумска писменост

Здружението обезбедува Обуки за медиумска писменост за новинари, сопственици на медиуми и невладини организации. Целта е да ги обучиме со цел критички да ја оценат содржината на медиумите, да ги испитаат социјалните медиуми за тактики на дезинформации и поларизирана содржина, да создадат пораки за да се спротивстават на дезинформациите, да се разбере важноста на соработката со медиумите за самоизразување и демократско учество, да се идентификува пропагандата, дезинформациите и штетните медиуми.

Содржини за младите

Здружението им дава глас и содржина на младите, во фокус ја има генерацијата З преку обезбедување на промотивен простор за млади, особено на студентите и средношколците во Северна Македонија. Работи како агрегатор на пишувања и коментари за прашања релевантни за нив, помагајќи им на младите блогери да добијат видливост.

ДРУГИ

Од 2020 година, Здружението преку Порталб.мк соработува со страницата за проверка на фактите од Албанија, Фактоје.ал во проектот: Регионот низ факти“.
Целта на проектот е да се обезбедат точни и проверени информации за најбитните теми кои ги засегаат двете соседни држави, истовремено и да се разобличат дезинформациите кои преминуваат од една на друга земја и пошироко во регионот.

Од 2017 година, Здружението преку Порталб.мк соработува со Новинска агенција Мета.мк во проектот: „Поддржување на демократските вредности и промените во општеството преку новинарството“.
Целта на проектот е да ги оспособи македонските граѓани да донесуваат информирани одлуки за секојдневните проблеми што влијаат на нивниот живот, преку истражувачкото новинарство засновано врз податоци и директен ангажман со граѓаните преку современи медиумски канали. Целта на овој пристап е да се активира и мотивираат граѓаните да се ангажираат во донесувањето на одлуки, со што се поттикнува барање на институционална одговорност.

Од 2012 година, Здружението соработува со страницата за проверка на фактите Вистиномер.мк, „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ и Сервисот за проверка на фактите во медиумите. Во Порталб се реобјавуваат едукатвни написи, проверки на факти и друг тип на написи и видеа кои придонесуваат во борбата против дезинформациите.