– Во 2016-2017 година, Здружението преку Portalb.mk учествуваше во проектот „Проектот на општеството“ во партнерство со НОВАТВ.
Целта на проектот беше да се направи двојазичен (албански и македонски) медиумски проект за специјално известување и истраги, и база на податоци за дебати. Се креираше интегрирана редакција меѓу Порталб и Новатв и беа произведени дебати во живо на албански и македонски јазик. Локалните избори 2017 се следеа во живо во студио, со директни вклучувања на новинарите од двете етникуми од цела Македонија.

 

– Во 2015 година, Здружението преку Portalb.mk учествуваше во проектот „Тоа се твоите пари!“ во партнерство со Мета.мк.
Целта на проектот беше да се направат видео истражувачки стори за најгорливите прашања и проблеми во најголемите градови на Македонија и начинот како се трошат буџетските пари за решавање на овие проблеми.

 

– Во 2014 година, Здружението преку Portalb.mk учествуваше во проектот „Одговорни општини преку активно граѓанство“ во партнерство со БИРН Македонија, БИРН Косово и Интерњуз Косово.
Целта на проектот беше да се направат истражувачки стори, предизборни дебати и интервјуа со градоначалниците за Локалните избори 2014 во најголемите градови на Македонија, на албански и македонски јазик. Предизборните дебати и интервјуа со кандидатите за градоначалници се снимаа во живо и освен во Македонија беа емитувани и во Косово.